ЕУ ќе настојува да постигне взаемно разбирање и доверба со Русија на самитот на 28 јануари во Брисел, изјави во петокот, шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Според неговите зборови, на Русија и ЕУ како стратешки партнери ќе им користи засилена соработка.
Претходно претставникот на Европската комисија, Оливиер Баили изјави дека ЕУ смета на отворен дијалог со Русија. „Ова ќе биде необичен самит. Лидерите на Русија и ЕУ ќе се состанат за пократки разговори и со помал број на учесници“, рекол Баили.
На самитот ќе зборува и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче