Руските власти би требало да ја преместат престолнината во Сибир, смета алуминиумскиот магнат Олег Дерипаска, чии што главни производствени капацитети се сместени зад Урал. „Ако постои желба тој регион вистински да се развие, тогаш луѓето кои што се наоѓаат овде, меѓу останатото и губернаторите, престолнината треба да се премести во Сибир“, рече Дерипаска на Светскиот економски форум во Давос, со осврт на развојот на Сибир.
„За да се развие југот на Русија, донесена е одлука таму да се одржи Олимпијадата. Земјата вложи напор и на југот се појави нов кластер“, истакна бизнисменот. Според неговото мислење, сеопфатен развој на Сибир бара еднакво крупен проект. „Регионот нема никаква корист од Москва, и јасно е дека понатамошната локација на престолнината во Москва, подразбира корупција и преголема централизација“, додаде Дерипаска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче