Во Русија средната плата на учителите порасна за 76%

Министерот за образование и наука на Русија, Дмитриј Ливанов, изјави дека во споредба со 2011 година платата на учителите пораснала за 12 илјади рубљи, и дека во моментов таа надминува 28.000 рубљи (600 евра), пренесува РИА Новости.

„Во почетокот на реализацијата на програмата во 2011 година платата на педагозите во образованието изнесуваше 16 илјади рубљи, што е околу 70% од средната плата во државата. Денес платата изнесува 28.000 рубљи, што е 95% од средната плата во државата“, изјави Ливанов.

Тој подвлече дека растот на платите изнесува 76%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња