Рускиот премиер Дмитриј Медведев потврди дека руската поддршка за палестинскиот народ ќе јакне и дека Русија дава целосна поддршка за палестинската државност.
На состанокот со палестинскиот претседател Махмуд Абас тој нагласи дека двете држави ги поврзуваат пријателски односи. Воедно, според зборовите на премиерот, за напредокот на соработката потребно е да се развиваат пред сѐ економските врски.
Медведев го поздрави обичајот на палестинскиот лидер во текот на посетата во Русија да замине во некои руски региони. Претходно Абас беше на Кавказот и на Волга, а овој пат ќе го посети Санкт Петербург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче