Високи воени чиновници во САД и Русија одржуваат разговори за користење на високотехнолошката опрема на САД во рамките на заедничките напири за обезбедување на безбедноста за време на зимската Олимпијада во Сочи. Ова го пренесува The New York Times.
Станува збир за користење на американската технологија создадена од Пентагон за борба со рачно направените експлозиви во Авганистан. Технологијата дозволува да се откријат сигналите мобилните уреди кои го активираат експлозивот, односно, можат да ги онеспособат истите.
Американските експерти треба да тестираат дека американските системи можат да бидат интегрирани со руските мрежи и системи за безбедност.
Прашањето за безбедноста се разгледуваше за време на телефонските преговори меѓу Владимир Путин и Барак Обама во вторникот. Подробности од преговорите не се објавени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче