Западни медиуми: Русија преживува егзистенцијална криза

Русија како домаќин на Олимпијадата во 2014 година сака да го покаже своето враќање на светската арена не само како колевка на културата и цивилизацијата, туку и како светска држава која расте, пишува The Financial Times.

Русија како домаќин на Олимпијадата во 2014 година сака да го покаже своето враќање на светската арена не само како колевка на културата и цивилизацијата, туку и како светска држава која расте, пишува The Financial Times.

Изданието забележува дека Сочи денес е „тврдина“. Соочувајќи се со ризикот од терористички напади, Москва го претвори Сочи во „запечатена зона“, затворена за сите освен за спортистите, регистрираните посетители и соработниците на службите за безбедност.

Сепак, според мислењето на авторот, чувството од опасност се простира и над границите на Сочи. Зад силната слика која Москва сака да ја прикаже за себе, Русија преживува егзистенцијална криза. Освен тоа што Русите сѐ уште тагуваат по губењето на статусот на супердржава после распадот на СССР, државата се бори и со намалување на населението, лоши односи со државите, забележува авторот.

Надворешно Владимир Путни создаде впечаток дека Русија издвои две големи победи: иницијативите на Москва во однос на Сирија, како и зближувањето со Украина, односно, нејзиното оддалечување од ЕУ. Сепак, набљудувачите ги гледаат тие победи како тактички краткорочни чекори за државата, која чувствува дека се наоѓа опколена, се кажува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња