Путин: Рано е да се зборува за откажување од нуклеарното оружје

„Порано или покасно човештвото ќе се откаже од нуклеарното оружје, но ние сме далеку од тоа. Русија нема да донесе еднострана одлука за тоа“, изјави претседателот Владимир Путин на состанокот со студентите од Националниот истражувачки универзитет за нуклеарни науки.

Рускиот претседател изјави дека нуклеарно оружје поседуваат многу земји и тие не планираат да се откажат од него. Поради тоа, еден од основните правци на одбранбената политика на државата е развој на атомскиот комплекс и поддржување на нуклеарната тријада, објасни претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.