Последните неколку години се појавија нови предизвици и закани за воената безбедност на Русија, изјави пред колегиумот во Министерството за одбрана шефот на воениот ресор, генерал Сергеј Шојгу, пренесува РИА Новости.
Меѓу новите предизвици Шојгу го издвои „развивањето на глобалниот систем за противракетна одбрана и поставување на нејзините компоненти недалеку од руските граници, создавање на ново, ефикасно наведувано оружје во системот на конвенционално вооружување и милитаризација на вселената“.
Поради тоа „принудени сме да преземеме соодветни мерки“, изјави министерот.
„Претседателот на Русија постави задачи за обезбедување на одбрана на нашата земја во новите услови: понатамошно јакнење на нашата нуклеарна тријада, создавање на глобален систем за разузнавање, вклучувајќи и вселенско одделение, сили за општа намена“, изјави Шојгу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче