МНР на Русија и Израел потпишаа договор за соработка

Министерот за внатрешни работи на Русија, Владимир Колокољцев и министерот за јавна безбедност на Израел, Ицак Ахаронович потпишаа договор за соработка, соопштува РИА Новости.

Министерот за внатрешни работи на Русија, Владимир Колокољцев и министерот за јавна безбедност на Израел, Ицак Ахаронович потпишаа договор за соработка, соопштува РИА Новости.

„Нашата соработка во последно време се карактеризира со стабилна динамика на развој Ние ги активиравме контактите меѓу министерствата за различни прашања и правци“, забележа Колокољцев.

Тој исто така подвлече дека сака поактивно да соработува со израелските колеги во сферата на борбата со екстремизмот, тероризмот и сајбер-криминалот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња