Ова го изјави шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на конференцијата за печатот во Москва.
„На Балканот има многу проблеми. Се работи за ситуацијата на Косово и во Босна и Херцеговина“, истакна Лавров.
Русија активно допринесува за зголемувањето на стабилноста на Балканот. Москва го поддржува процесот за воспоставување контакти меѓу Белград и Приштина. Министерот нагласи дека тој процес мора да се одвива „со почитување на меѓународните правни рамки“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.