Првиот експериментален модел на мотор од новата генерација за перспективните хеликоптери ќе биде произведен во 2015 година, изјави извршниот директор на Отвореното акционерско друштво „Климов“, Александар Ватагин.
„Според плановите, во 2014 ќе се продолжи со создавањето на клучните елементи и системот за овој напреден модел на мотор, со намера во 2015 да се започне негово производство, тестирање и процес на сертификација“, изјави Ватагин.
Новиот хеликоптер на Русија кој ќе го користи овој мотор треба да има максимална маса при полетување до 10,6 тони и треба да превезува 21 лице. Радиусот на лет треба да изнесува 900 километри.
Максималната брзина при оптимална потрошувачка на гориво треба да биде 340-360 километри на час, а цената на неговата експлоатација ќе биде 20-25% пониска од досегашните модели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче