Во 2014 година цените на бензинот во Русија ќе пораснат за 15%

Цената на бензинот во Русија годинава може да се зголеми за 5 до 15% поради даночните маневри на владата, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на неделниот извештај на берзата во Санкт Петербург.

Цената на бензинот во Русија годинава може да се зголеми за 5 до 15% поради даночните маневри на владата, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на неделниот извештај на берзата во Санкт Петербург.

Под „даночен маневар“ на владата се подразбира намалување на давачката за извоз на нафта и зголемување на данокот за производство на енергенси.

„Експертите и државните чиновници даваат различни оценки за растот, почнувајќи од 5% па до 15% на малопродажните цени“, гласи во извештајот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.