Рускиот учесник на конкурсот „Евровизија 2014“ ќе настапи во првиот дел од првото полуфинале, пренесува РИА Новости. Првото полуфинале ќе се одржи на 6 мај во Копенхаген.
Разделувањето на земјите во две полуфиналиња е определено во понеделникот во рамките на церемонијата во градската општина во Копенхаген.
На „Евровизија 2014“ ќе учествуваат 37 држави. Во првото полуфинале ќе настапат 16 држави, а во второто полуфинале - 15 држави. Државите на „петте избрани“ и државата-домаќин ќе настапат во финалето.
Заедно со Русија ќе настапат Шведска, Албанија, Исланд, Летонија, Азербејџан, Ерменија, Естонија, Белгија, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Сан-Марино, Португалија, Украина и Холандија.
Во второто полуфинале ќе настапат Норвешка, Грузија, Австрија, Литванија, Полска, Малта, Македонија, финска, Ирска, Романија, Словенија, Белорусија, Грција и Швајцарија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче