Објавено е точното време на почеток на Гран-прито на Русија во „Формула 1“, соопштува F1news.ru, повикувајќи се на зборовите на организаторите. Трката и квалификациите ќе се одржат на 11 и 12 октомври во 15 часот на автодромот во Олимпискиот парк во Сочи.
„15 часот е најудобно време за почеток на трката. Минатата недела добивме официјална покана од ФОМ со кое се потврдува решението. Сега љубителите на трката го знаат не само местото и датумот, туку и времето на најочекуваната автослучка во 2014 година“, изјави Олег Зобара.
Трката во Русија ќе биде 16-та од 19-те планирани во 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче