Британскиот актер и музичар Хју Лори, најпознат по улогата во серијата „Доктор Хаус“, се изјасни против руските производи во неговиот Твитер, пренесува „Газета.Ру“.
Повод за неговиот гнев е статијата во списанието "The Guardian" во која се пишувало за односот на Путин кон хомосексуалците кои имаат намера да допатуваат на Олимпијадата во Сочи.
Според мислењето на овој актер, дури и руската вотка е добра само за „чистење на рерни“.
Британскиот актер Стивен Фрај, колега на Хју Лори и деклариран хомосексуалец, претходно апелираше на Меѓународниот олимписки комитет да ја бојкотира Олимпијадата во Сочи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче