Русија нема да моли за укинување на визите од Европската унија

Русија нема да моли од ЕУ укинување на визите, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на зборовите на Анвар Азимов, специјален претставник на руското МНР.

Русија нема да моли од ЕУ укинување на визите, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на зборовите на Анвар Азимов, специјален претставник на руското МНР.

Според неговите зборови, позицијата на ЕУ „е насочена кон понатамошно затегнување на дијалогот без јасна временска рамка за укинување на визите“.

Азимов констатираше дека ЕУ нема политичка волја да ја преземе врз себе одговорноста за решавање на визниот проблем со Русија.

„Нема да правиме трагедија од ова и да молиме за укинување на визите“, резимираше тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија