Во Париз се гради руски духовно-културен центар

Русија и Франција потпишаа договор за почеток на градежните работи на кејот Брали во Париз, каде ќе биде изграден Руски православен духовно-културен центар.

Русија и Франција потпишаа договор за почеток на градежните работи на кејот Брали во Париз, каде ќе биде изграден Руски православен духовно-културен центар.

Договорот ќе го реализира француската компанија Bouygues. „Мислам дека овој проект според своето значење може да се спореди до парискиот мост Александар Трети, симбол на руско-француското пријателство“ , изјави амбасадорот на Русија во Франција, Александар Орлов.

Почетокот на градежните работи е планиран во јуни. Во составот на идниот Центар ќе има православен храм, зграда на руско-француското училиште, сала за изложби и административни простории. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња