Во московското метро се појави „Олимписки воз“

На Серпуховско-Тимирјазевската линија на московското метро од средата се појави необичен воз, тематски поврзан со Зимската олимпијада во Сочи.

На Серпуховско-Тимирјазевската линија на московското метро од средата се појави необичен воз, тематски поврзан со Зимската олимпијада во Сочи.

Во вагоните на Олимпискиот воз се наоѓаат исцрпни информации за Игрите, производите, картите, навивачките пасоши и уште многу нешта кои се однесуваат на Сочи 2014.

Оваа линија беше неслучајно избрана, бидејќи е една од најдолгите и најзафатените линии на подземната железница.

Возот со олимписка тематика ќе вози во Москва три месеца после завршетокот на Олимпијадата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња