Европската унија во 2012 година издала на граѓани на Руската Федерација 5.940.000 шенгенски визи, што е речиси милион повеќе споредено со претходната година. Од друга страна, Русија издала 2 милиони визи на граѓаните на ЕУ. Ова го изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.
Според неговите зборови, со податоци за издадените визи во 2013 не располага во моментов.
Чижов очекува дека претстојниот самит во Брисел ќе отвори пат за почеток на преговорите за подготовка на договорот за премин кон безвизен режим за краткорочни патувања на граѓаните на Русија и ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче