Министерството за надворешни работи на Русија објави податоци за кршење на човековите права во ЕУ

Системот за заштита на основните човекови права и слободи во Европската унија и понатаму е неефикасен и неадекватен. До овој заклучок дојдоа авторите на извештајот за ситуацијата во областа на човековите права во ЕУ за 2013 година. Документот е објавен на интернет-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Како што се наведува во рускиот ресор, за време на неговото создавање користени се меѓународни извори, како на пример извештаите на Советот на ООН за човекови права, документи од ОБСЕ и извештаи на експерти од областа на заштитата на човековите права и новинарите.

Како што се наведува во извештајот, најсериозни проблеми во ЕУ и понатаму се растот на ксенофобијата, расизмот, агресивниот национализам, шовинизам и неонацизам.

Посебно е загрижено руското МНР поради фактот „кој сведочи за систематско и масовно нарушување на неприкосновеноста на приватниот живот“.

Авторите на извештајот нагласија дека изјавите на Едвард Сноуден расветлиле суштински ограничувања за слободата на говорот и медиумите во ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.