Во Русија државата треба да се самоограничи во некои гранки на економијата за да го ослободи местото за приватните инвеститори.
Претседателот на владата забележа дека за економски раст во Русија - потребно е да се развива конкуренцијата, а тоа предвидува намалување на присуството на државата во економијата, добра антимонополска политика и поддршка на малиот и средниот бизнис.
„Станува збор за определено самоограничување на власта во некои гранки на економијата, во сферата на комуналните услуги и социјалното осигурување, таму каде приватниот инвеститор и сопственик е поефективен“, подвлече Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче