Првиот заменик претседател на Централната банка на Русија, Ксенија Јудаева, смета дека во Русија во моментов има стагфлација - намалување на растот на економијата и зголемување на инфлацијата. Ова таа год изјави на Гајдаровскиот економски форум.
„Во неколку држави во развој, меѓу кои и Русија, може да се зборува за проблем како што е стагфлацијата, т.е. за намален економски раст кој е пропратен со раст на инфлацијата. Гледаме дека такво нешто има во Русија, но и во Бразил“, изјави Јудаева.
Според мислењето на заменикот претседател на Централната банка, проблемот е присутен уште од минатата година. Според Јудаева, „треба да се создаде стратегија за развој со која ќе се надмине овој предизвик“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче