Министерството за вонредни состојби соопштува за зголемена сеизмичка активност во Русија во 2013 година во споредба со 2012 година. „Во текот на 2013 година нивото на сеизмичка активност на територијата на Русија се зголеми во споредба со 2012 година и постојано расте“, се наведува во извештајот на Министерството.
Според процената на експертите од Министерството, високата сеизмичка активност, карактеристична за последниве 8 години, најмногу е забележана кај Курилите и Камчатка и во Сахалинската сеизмичка зона.
Според податоците на Министерството, за 11 месеци од 2013 година на територијата на Русија биле забележани 698 земјотреси посилни од 3,5 степени според Рихтер (595 во 2012 година).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче