Руски бродови ќе го штитат сириското хемиско оружје

Групата бродови на чело со носачот на авиони на Северната флота, „Адмирал Кузнецов“, ќе учествуваат во обезбедувањето на безбедниот транспорт и предавањето на хемиското оружје во Средоземното море, со цел истото да се уништи, изјави претставник на Генералштабот на руската морнарица.

„После снабдувањето со ресурси во западниот дел на Средоземното море, групата бродови, која вчера помина низ Гибралтар, ќе тргне кон источниот дел на Средоземното море. Групата бродови ќе пристигне до бреговите на Сирија, каде ќе учествува во воената операција за уништување на сириското хемиско оружје“, изјави претставникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња