Олимпијадата во Сочи ќе биде прикажана во 17 земји во Латинска Америка

Зимската Олимпијада во Сочи ќе биде прикажана во 17 земји во Латинска Америка, вклучувајќи ги и 28 федерални држави на Мексико, изјави Игор Фјодоров, претставник на „Руска соработка“.

Зимската Олимпијада во Сочи ќе биде прикажана во 17 земји во Латинска Америка, вклучувајќи ги и 28 федерални држави на Мексико, изјави Игор Фјодоров, претставник на „Руска соработка“.

Ексклузивните права за пренос на натпреварите во регионот ги доби компанијата América Móvil.

Освен бесплатниот пренос, на гледачите ќе им биде понудена и серија на платени пакети. Помеѓу паузите на натпреварите, во Мексико ќе бидат прикажувани и снимки за историјата и културата на Русија. „Тоа ќе ни овозможи да ја прикажеме нашата култура во Мексико“, изјави Фјодоров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.