Дваесет и седум добитници на Нобеловата награда потпишаа отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, апелирајќи да се укине законот за пропаганда на хомосексуализмот, пренесува „Лента.ру“.
Иницијатори на писмото се хемичарот Харолд Крото и актерот Иан Мекелен, познат по улогата на Гендалф во „Господарот на прстените“ и „Хобит’.
„Протестот никогаш не е лесен, но се надеваме дека со изразување на несогласност со новото законодавство ќе ја натераме руската држава во 21 век да се застапува за хуманитарни, политички и демократски принципи, со чие остварување се занимавал и Михаил Горбачов“, се наведува во отвореното писмо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче