Примаков: причина за намалување на растот на руската економија се неолибералните идеи

Неолиберланите идеи се основна причина за намалување на темпото на раст на економијата на Русија во 2013 година. Ова мислење го искажа претседателот на „Меркур-клубот“, поранешниот премиер на владата на Русија, Евгениј Примаков.

Примаков укажа дека неолибералите настојуваат на што побрзо заминување на државата од економијата, што според него, негативно ќе влијае на нејзината состојба. „Може ли да сметаме дека во Русија денес пазарните механизми се способни да обезбедат раст? Секако дека не“, изјави тој.

Во исто време Примаков повика да не се меша неолиберализмот со вистинските либерални вредности. „Треба да се забележи дека постои огромна разлика меѓу неолиберализмот во економијата и вистински либералните услови - независност на судовите, борба со корупцијата, непоткупливост на чиновниците, задолжително почитување на законот“, подвлече тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.