Во периодот од јануари до ноември во 2013 година во Русија се родиле 1,74 милиони деца. Бројот на новородени растел во 31 регион, соопшти министерот за труд и социјална заштита на Русија, Максим Тополин.
Заедно со растот на наталитетот во државата се забележува и намалување на смртноста. Од јануари до ноември минатата година починале 1,72 милиони лица, што е за 19.000 помалку од истиот период минатата година. Намалување на бројот на починати е забележано во 69 региони, притоа, во некои региони бројот на починати е намален за 5%.
Вкупно земено, за 11 месеци природниот раст на населението во Русија изнесува 22,7 илјади лица. Оваа тенденција се забележува во 43 региони на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.