На лекување остануваат 45 настрадани од терористичките напади во Волгоград

На лекување во медицинските установи во Волгоград и Москва остануваат 45 лица кои настрадаа како резултат на терористичките напади во Волгоград. Ова го соопштува Министерството за здравство на Русија.

„Во медицинските установи во Волгоград се наоѓаат 22 настрадани, а во тешка состојба е само еден од нив“, изјавија во Министерството за здравство.

Во Москва се наоѓаат 22 лица кои добиваат медицинска помош: во тешка состојба се тројца.

 Досега од болниците се пуштени 28 лица, а во последните 24 часа - петмина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња