Лансирањето на научниот сателит „Фотон-М4“ е предвиден за мај годинава, соопштено е на конференцијата за печатот во самарскиот ракетно-вселенски центар „ЦСКБ-Прогрес“, каде е изработен овој апарат.
„Во моментов сателитот се наоѓа на последната етапа од неговата подготовка“, додадоа во центарот.
Првоначално лансирањето беше планирано за есента во 2014.
Сателитите „Фотон-М“ се предвидени за истражување и експерименти во областа на физиката на бестежинската состојба, вселенската биологија и биотехнологија, изучување на биопримероци во отворена вселена и се уникатни научно-истражувачки лаборатории од гледна точка на обезбедување посебни услови на микрогравитација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.