Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ за давање државна поддршка на руските студенти кои самостојно се запишале во странските универзитети. Големината на помошта, како и листата на странски универзитети дополнително ќе ја определи владата.
Според проектот, Русија ќе им даде социјална поддршка на руските студенти кои на сопствен ризик се запишале во странство. Сѐ што треба за да се добие помошта е руски пасош, редовна форма на студии, висок статус на универзитетот кој е избран од студентот.
Најважна обврска за студентите кои ќе бидат финансирани од рускиот буџет ќе биде нивното вработување во руска компанија. Тие кои ќе одбијат работа во руска компанија ќе мораат да платат казни во висина на сумата која ја добиле како финансиска помош за време на студиите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче