„Тајмс“: Путин е меѓу тројцата во светот кои предизвикуваат најголем восхит

Претседателот на Русија, Владимир Путин го зазеде третото место на рејтингот на лица кои предизвикуваат најголем восхит во светот. За тоа сведочат резултатите на анкетата, спроведена од британскиот весник „Тајмс“ во соработка со меѓународниот институт за проучување на јавното мислење "YouGov".

На врвот на ранг-листата се наоѓа основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој денес активно се занимава со добротворна работа, а на второто место е претседателот на САД, Барак Обама.

Во анкетата учествувале 14.000 испитаници од 13 земји.

Владимир Путин на крајот од октомври се најде на чело на листата на највлијателни лица според процената на американското списание „Форбс“, претекнувајќи го претседателот на САД, Барак Обама, кој таа позиција ја држел од 2012 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња