Православните козаци во Санкт Петербург стануваат конкуренција за таксистите

Во Санкт Петербург официјално е регистрирано првото козачко православно такси-здружениот во Русија, пренесува порталот „БалтИнфо“.

Во Санкт Петербург официјално е регистрирано првото козачко православно такси-здружениот во Русија, пренесува порталот „БалтИнфо“. Иницијаторите на оваа идеја доаѓаат од козачкото друштво „Ирбис“ во Санкт Петербург, и истите се надеваат дека со ова ќе ја подобрат безбедноста на граѓаните, а истовремено од улиците ќе ги истиснат странците кои нелегално возат такси во близината на метро станиците.

„Имаме 700 козаци, а меѓу нив има многу енергични пензионери кои од различни причини повеќе не можат да работат. Тие ќе бидат таксисти. Православното такси најпрво ќе работи во станбените делови на градот, а покасно планираме дејноста да ја прошириме во целиот град“, кажува атаманот Андреј Полјаков.

Возачите на православното козачко такси ќе бидат облечени во козачки униформи, а автомобилите ќе имаат препознатливи обележја. Цената на услугите на ова такси ќе биде пониска од останатите во градот.

Првите вакви такси возила ќе се појават кон крајот на февруари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња