Прогласен е портокалов степен на опасност поради ерупцијата на камчатскиот вулкан Шивелуч, кој исфрли пепел на висина од 6.200 метри, соопштува регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби.
Ветерот ја носи пепелта кон ненаселените подрачја на запад.
Сите туристички агенции се предупредени дека посетата на Вулканот не е безбедна. Министерството за вонредни состојби не препорачува на агенциите да ги водат туристите на околните дестинации.
Во претходната ерупција вулканот Шивелуч исфрли пепел на висина од 5 км.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче