МУП на Русија распиша тендер за креирање на уред за далечинско откривање на антиперсонални експлозивни направи кои се користат во бомбашки напади. За таа цел е планирано да се издвојат преку 850 000 евра.
Уредот би требало да ги открива антиперсоналните експлозивни направи кои што некое лице би можело тајно да ги пренесува на своето тело и тоа на растојание од 10 метри. Уредот би требало да биде со најмалку 98% прецизност.
Периодот кој што му е потребен на уредот за да помине во активна работна фаза не би смеело да биде подолг од 5 минути, а времето потребно за обработка на сигналот мора да биде најмногу 0,5 секунди.
Уредот би требало да биде креиран најдоцна до 15 ноември 2016.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.