Путин би победил во борење меѓу шефови на држави

Претседателот на Русија, Владимир Путин, влезе во листата на 11 најспортски лица меѓу шефови на држави во американското издание на The Health Fitness Revolution.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, влезе во листата на 11 најспортски лица меѓу шефови на држави во американското издание на The Health Fitness Revolution.

Покрај Путин, на листата се најдоа и актуелниот претседател Барак Обама, двата поранешни претседатели: Џорџ Буш Јуниор и Бил Клинтон, британскиот принц Чарлс и поранешниот премиер Тони Блер, големиот војвода од Луксембург Анри, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Списанието пишува дека кога шефовите на државите би сакале да се борат, Путин би имал најголеми шанси за победа. Во кошарка најверојатно би победил Обама. Во трчање и велосипедизам веројатно најбрзи би биле Расмусен и Буш.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња