Техеран и Москва се близу склучување на договор чиј што месечен промет би изнесувал 1,5 милијарди долари. Иран е спремен да испорачува нафта во размена за стока и опрема, а Москва ќе може да ја препродава иранската нафта на Кина по поволна цена, пишува весникот Взглјад. Експертите сметаат дека договорот ќе биде склучен во првата половина од оваа година при посетата на Техеран од страна на претседателот Владимир Путин. Иран е подготвен дневно да и испорачува до 500 илјади барели нафта на Русија во замена за руска стока и опрема. Прометот на договорот се проценува на околу 1.5 милијарда долари месечно.
„Постои добар напредок во оваа насока, со шанси за успех. Ги разгледуваме деталите, па датумот на потпишување на договорот зависи од тие детали“, изјавил руски извор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче