Првиот „музички пат“ во Русија ќе се појави на една од делниците на автопатот М-4 „Дон“. „Патот кој пее“ е едноставно дел од асфалтот на кој се нанесени попречни канали со длабочина од 3-4 милиметри и имаат широчина од 8 до 24 мм, со што се овозможува произведување на звуци со висока и ниска фреквенција при движење на автомобилот, т.е. создавање различни мелодии.
Како појава „музичките патишта“ не би ги изненадила возачите, бидејќи тој дел на патот ќе биде посебно обележан - ќе бидат поставени сообраќајни знаци со ноти.
Иако во Русија се новина, во другите земји вакви патишта одамна постојат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче