Повеќе од 30 семејства на лица кои загинаа во терористичките напади во Волгоград кон крајот на декември добија по 2 милиона рубљи (околу 44.000 евра), соопштува администрацијата на Волгоградската област.
„Материјална помош е исплатена на 107 лица. Триесет и две семејства на загинати добија по 1 милион рубљи од федералниот буџет, и уште толку од регионалниот буџет“, изјавија во администрацијата.
Терористичките напади се случија на 29 и 30 декември во Волгоград.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче