Сите руски аеродроми добиле директива за неопходност од нови мерки за авионска безбедност. Како што соопштува Росавијација, во документот се кажува дека сите видови течности и средства за лична хигиена кои патниците ги носат со себе во малиот багаж во кабината на авионот ќе мора да се стават во багажот предвиден за чекирање и пренесување во товарниот дел на авионот.
Што се однесува до медицинските препарати, тие „не се забранети и можат да се превезуваат во рачниот багаж после давање дозвола од службите за авионска безбедност на аеродромот“.
Причина за ова нова барање е опасноста од терористички напади со користење на рачно направени експлозиви.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче