Во Сочи стапија на сила зголемените мерки за безбедност

Месец дена пред почетокот на Олимпијадата во Сочи воведени се досега невидени мерки за безбедност. Тие ќе бидат на сила до затворањето на Олимписките игри.

Месец дена пред почетокот на Олимпијадата во Сочи воведени се досега невидени мерки за безбедност. Тие ќе бидат на сила до затворањето на Олимписките игри.

Претседателскиот указ со кој се воведоа овие мерки предвидува формирање на забранета зона околу градот, со што во него ќе можат да влезат само лица кои имаат службена или деловна потреба.

Ќе се формира и контролирана зона во која ќе може да се влезе после извршување на полициска контрола.

Влезот во Сочи ќе биде контролиран од 30.000 полицајци и припадници на внатрешната војска.

Жителите на Сочи кажуваат дека во градот како е воведена вонредна состојба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија