Путин втор највлијателен спортски функционер

Претседателот на Русија, Владимир Путин го зазеде второто место во рејтингот на највлијателни спортски функционери во 2014 година според верзијата на американската аналитичка агенција Around the Rings.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го зазеде второто место во рејтингот на највлијателни   спортски функционери во 2014 година според верзијата на американската аналитичка агенција Around the Rings. Освен Путин, во списокот се најде и заменикот-претседател на владата, Дмитриј Козак, кој се најде на шестата позиција заедно до Дмитриј Чернишенко, претседател на организацискиот комитет на Сочи 2014.

На првото место се најде Томас Бах (Германија), претседател на МОК, третото место - Јозеф Блатер (Швајцарија) - претседател на ФИФА, на четвртото шеикот Ахман ал-Фахад-Сабах (Кувајт, претседател на Олимпискиот совет на Азија, и на петтото место - Дилма Русеф , претседателка на Бразил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња