Пентагон ѝ понуди на Русија соработка во сферата на борбата против тероризмот. Тој предлог го изнел министерот за одбрана на САД, Чак Хејгел за време на видео-конференцијата со рускиот колега Сергеј Шојгу.
Шефот на американскиот воен ресор изразил сочувство околу двојниот терористички напад во Волгоград и изразил готовност да ја зголеми билатералната соработка во борбата против тероризмот. Хејгел изјави дека САД се подготвени да понудат на Русија помош во обезбедувањето на безбедноста на претстојната Олимпијада, доколку Русија тоа го побара.
Министрите за одбрана воедно ја разгледаа ситуацијата во Сирија и процесот на ликвидација на хемиското оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче