Обичните руски граѓани ќе можат да се возат во „претседателскиот автомобил“

И обичните граѓани на Русија ќе можат да го купат автомобилот во кој наскоро ќе се вози претседателот и премиерот на Русија. Според зборовите на Владимир Кожин, шеф на кабинетот на претседателот на РФ, наголемо се работи на проектот „Кортеж“.

Веќе е одредено кому ќе му биде поверен проектот „Кортеж“, пренесува РИА Новости.

„Тоа што имав прилика да го видам влева одреден оптимизам. Има занимливи решенија. Ќе биде тоа добар автомобил. Активно ќе се користи. меѓутоа, овде не се работи само за создавање на автомобил за шефот на државата, Ние ќе создадеме цела линија автомобили за широкиот пазар.“, изјави Кожин.

Министерот за индустрија и трговија на Рсија, Денис Мантуров изјави во декември минатата година дека прототипот на седанот од проектот „Кортеж“ ќе биде промовиран во 2014 година, а сериското производство ќе започне во 2016. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња