На Божиќ во Русија за прв пат пристигнуваат Дарови од мудреците од Света гора

Даровите кои на новородениот Исус му ги подариле мудреците од Истокот денес се ценето христијанско наследство. тие од Света гора ќе пристигнаа во храмот на Христос Спасителот на 6 јануари, пред почетокот на божиќната богослужба.

Даровите кои на новородениот Исус му ги подариле мудреците од Истокот денес се ценето христијанско наследство. тие од Света гора ќе пристигнаа во храмот на Христос Спасителот на 6 јануари, пред почетокот на божиќната богослужба. Пред подароците ќе можат да се поклонат сите присутни на богослужбата, а потоа секој ден од 8:00 до 22:00 часот храмот ќе биде отворен за верниците од 7 до 13 јануари.

Даровите на мудреците за прв пат ја напуштија грчката територија, каде од 15 век се наоѓаат во светогорскиот манастир свети Павле.

Во Русија пристигнаа три плочки со тенок филигрански орнамент на кој со сребрени конци се прицврстени бисери.

Даровите на мудреците спаѓаат во малобројните реликвии сочувани и поврзани со земниот живот на Исус Христос. Според преданието, Богородица пред своето Успение ги предала подароците на две побожни жени на свои роднини. Покасно Даровите пристигнале во Византија, а кога Турците во 1452 го зазеле Константинопол, српската принцеза Марија ги однела Даровите на Света гора. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња