Руската Федерална агенција за риболов смета дека војската на Сенегал го запленила бродот „Олег Најденов“ на барање на еколошката организација Гринпис. Оваа изјава ја даде шефот на ресорот, Андреј Крајни.
„Според нашите сознанија, сенегалската војска на тоа била приморана од организацијата Гринпис“, изјави Крајни. Во руското одделение на еколошката организација оваа изјави ја примија со чудење.
Војската на Сенегал го заплени рибарскиот брод „Олег Најденов“ во водите на соседна држава - Гвинеја Бисао. Војската тврди дека бродот без дозвола ловел риба во водите на Сенегал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче