Целосниот состав на руската олимписка репрезентација која ќе учествува на зимската Олимпијада во Сочи, официјално ќе биде потврден на 23 јануари. Тој ден ќе се одржи седница на извршниот одбор на Олимпискиот комитет на Русија на која што ќе биде разгледано ова прашање.
Крајниот рок за доставување на листата со имињата на спортистите од страна на олимписките комитети до Меѓународниот олимписки комитет е 27 јануари.
Ги потсетуваме читателите дека свеченото отворање на зимската Олимпијада во Сочи е закажано за 7 февруари, а ќе се одржи на стадионот Фишт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче