Рускиот брод „Олег Наиденов“ е застанат од војската на Сенегал, изјави за новинарите претставник на Росриболовство. Инцидентот се случил во Атлантскиот океан на 46 милји од брегот на Гвинеја Бисао.
На палубата на рускиот рибарски брод се качила без никакво објаснување четири вооружени лица. Тие му наредиле на капетанот да се качи на воениот брод Ферло, но тој одбил. Соопштено е дека сенегалските војници му ставиле лисици на капетанот и тој се наоѓа во радио-собата.
Сопственик на бродот, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за вонредни состојви и други организации се известени за овој инцидент.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче