Претседателот на Русија, Владимир Путин погледна дел од подготовката за церемонијата на отворање на Олимписките игри во Сочи, пренесува „РИА Новости“.
На Путин му покажаа декорации подготвени за церемонијата, а исто така и неколку сцени со учество на актери и волонтери кои ќе учествуваат на отворањето.
За новинарите на почетокот се одржа затворена, па отворена церемонија на отворањето и затворањето на Олимписките и Параолимписките игри во Сочи.
Церемонијата на отворање на зимските Игри ќе се одржи на 7 февруари 2014 во точно 17:14 часот по македонско време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче