Белорусија очекува испорака на 4 зенитно-ракетни системи С-300 од Русија, изјави за новинарите во саботата заменикот командант на воздухопловните сили на Белорусија, Игор Голуб.
Тој нагласи дека благодарејќи на воено-техничката соработка меѓу Русија и Белорусија, веќе се испорачани комплексите „Тор-М2“, а склучен е и договор за испорака на 4 авиони Јак-130.
„Соработката продолжува и веќе ги покажува своите плодови“, соопшти Голуб.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче